Гори главно непристапен терен

Десетици пожари на отворено и натаму активни во земјава. Гори главно непристапен терен. Борбата на противпожарните екипи продолжува, во гаснењето вклучени и хеликоптери и Ер-трактори. Се уште активен пожарот на планината Серта, гори од неколку страни. Огнот се приближува кон селото Калањево, но нема опасност по селото, велат од Центарот за управување со кризи.

ЦУК: Oд рани зори се гасат пожари по земја и со воздухопловна поддршка од сите летала што се на располагање

Активиран Кризен штаб

Во Неготино заседаваше Кризниот штаб. Оттаму бараат поинтензивна поддршка од воздух за гаснење на пожарот на Серта. И во Штип се состана Кризниот штаб. Таму се мобилизираат луѓе и механизација за гаснење на пожарот кои се приближува кон селото Пиперово.

Жител на Росоман се здобил со изгореници при гаснење пожар, а пожарникари беа заробени од огнот на планината Огражден, но беа евакуирани со хеликоптер. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов побара централизиран систем за управување со пожарите.

Регрутирани уште 300 војници

Уште 300 војници од Армијата се приклучуваат во гаснењето на пожарите

Во меѓувреме, регрутирани се нови лица. Tриста припадници на армијата ќе бидат на располагање за помош при гаснење на пожарите, а се зголемува и бројот на полицајци кои ќе се вклучат во борбата со огнената стихија, соопшти директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.