Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска уште еднаш го повтори нејзиниот став дека 5.000 денари зголемување на пензиите, како што бараат пензионерите, нема да има.

Вели дека антикризните мерки кои се планирани за нив ќе бидат доволна помош за примателите на најниски пензии.

Пензионерите во неколку наврати до сега се собираа од повеќе градови на протест во главниот град и неколкупати до сега истакнаа дека нема да отстапат од нивните барања.