Тримесечна суспензија за Манасков
Ракометната федерација на Македонија му изрече суспензија од три месеци на ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, по инцидентот што се случи по завршувањето на натпреварот против Охрид, на кој битолчани доживеаја пораз, пренесува Екипа.
Причина за апсењето погледнете ја во продолжение:
Дејан Манасков приведен во полициска станица по напад над помошниот тренер на Охрид
Инцидент по мечот и реакција на РФМ
По конфликтот со службеното лице на Охрид, Крсте Андоновски, Манасков бил повикан во полициска станица каде дал официјална изјава за настанот. Против него, според најавите, најверојатно ќе постапува и Министерството за внатрешни работи, но дисциплинските органи на РФМ веќе реагираа со изрекување строга казна за поранешниот репрезентативец.
Парични казни и дополнителни санкции
Покрај суспензијата за Манасков, РФМ ги казни и клубовите Охрид и Еурофарм Пелистер со по 45.000 денари. Службеното лице Крсте Андоновски, поради својата улога во конфликтот, е санкциониран со забрана за вршење на функцијата во траење од три натпревари.
