Превирања околу инцидентот во М-НАВ

Неодамнешните изречени мерки на претпазливост во врска со инцидентот со М-НАВ го доведоа Кривичниот суд во судир со обвинителството.

Основното јавно обвинителство не доставило суштински докази и медицинска документација за наводните повреди. Исто така, забележително е отсуството на евиденција за примање кривична пријава од жртвата. Одбраната на судот доаѓа по негодувањата во јавноста поради неодлучноста за одредување мерка притвор за Беким Незири и уште тројца други осомничени вмешани во упадот во зградата на контролата на летање.

Обвинителството побара мерка притвор, но судијата Пајазит Пајазити, кој ја водеше првичната постапка кога осомничените беа изведени во Кривичниот суд вечерта на 5 јануари, се определи за мерки на претпазливост.

„Препознавајќи го јавниот интерес за настаните од М-НАВ и реакциите кои произлегуваат од контроверзните одлуки на судот, јавноста мора да знае дека судот постапува првенствено врз основа на доставената документација/доказ од ОЈО и МВР и врз основа на независно судско убедување. “, наведува Кривичниот суд.

Во соопштението на судот се потенцираат и резултатите од вонредната инспекција на Агенцијата за цивилно воздухопловство, која не констатирала безбедносни прекршувања или закани за безбедноста на воздушниот сообраќај. Дополнително, не се идентификувани пријавени инциденти или сериозни појави поврзани со безбедноста на воздушниот сообраќај. Судот го цитира директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев

Според судот, врз основа на преземените дејствија од страна на осомничените и обезбедените докази засега нема индиции дека осомничените во целост ги исполнувале условите наведени во кривичното дело. Од судот нагласуваат дека осомничените презеле одредени дејствија за кривично дело за кое допрва треба да се истражи.

Дали имало доволно докази од МВР или не, министерот Спасовски одби да коментира, избегнувајќи да одговори на новинарски прашања поради празникот.

Министерот Оливер Спасовски: „Денес нема да одговарам на вакви прашања“.

Каде се бараат четирите лица од М-НАВ?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реши да се произнесе по ова прашање и да одговори на новинарски прашања на истата тема.

„Замислете што би се случило кога ваква, да речеме, криминална група би го нападнала аеродромот во Вашингтон или аеродромите во Париз или Берлин. Тие или веднаш би биле уапсени или елиминирани“, вели Христијан Мицкоски.

Беким Незири, вработен во М-НАВ, и уште тројца се изведени во петокот на суд, но уште четири лица кои не се вработени во оваа институција се во бегство, а по нив се трага. Кривичниот суд потврди дека е пристигната жалба од Обвинителството за неодредувањето за мерката притвор, а како што најавуваат ќе одлучува Кривичниот совет кој може да ја потврди или укине одлуката на судијата на претходна постапка. Владата најави дека на 9-ти јануари на седница ќе биде разрешен целокупниот Управен одбор на М-НАВ, додека Синдикатот се заканува со целосен штрајк доколку не се решат директорите, а не се уапсат оние кои го извршиле упадот.

 

 

 

Извор:21tv