Судир на железнички премин – патничко возило и воз се судрија кај Зелениково, никој не е повреден

Воз удри во патничко возило попладнево на железничкиот премин кај селото Зелениково. Но за среќа – во незгодата нема повредени, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Инцидентот бил пријавен во СВР Скопје во 18:10 часот. Според информациите од МВР, се работи за судир помеѓу патничко возило од марката „Тојота“, управувано од 51-годишниот Ж.М.К. од Скопје, и воз управуван од лицето С.М.

На лице место интервенирала и екипа на Итната медицинска помош од Скопје, но немало потреба од интервенција, бидејќи никој од учесниците не претрпел повреди.

Надлежните служби извршиле увид на местото на несреќата, а причините и околностите за инцидентот дополнително ќе се утврдуваат.

Извор: Телма