Раководителот на Македонија пат, Влатко Цоневски информира дека дел од овој одрон е исчистен, а на пат е механизација за истиот целосно да биде отстранет.
-Наши екипи го оспособија коловозот за да може да се одвива сообраќајот, а по пристигнувањето на механизацијата ќе се работи на негово целосно отстранување, рече Цоневски.
Апелираше и покрај тоа на оваа делница која речиси цела недела е зафатена од одроните да се вози внимателно и притоа да се почитува сообраќајната сигнализација.
Од утрово и во текот на ноќта сообраќајот на магистралата А3 се одвива по влажни коловози.