Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Локално се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.
Најниска утринска температура се очекува во Берово, до 9 степени, додека најтопло ќе биде во Гевгелија, каде што температурата ќе достигне до 33 степени Целзиусови. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а во делови од котлината нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од 16 до 31 степен.
Според УХМР, во следниот период ќе продолжи променливо облачно и топло време со сончеви периоди, но во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата, ќе има услови и за појава на краткотрајно невреме.
