Советот на Општина Тетово на денешната 14-та седница усвои одлука со која треба да се доделат ваучери за децата кои се запишуваат во прво одделение во учебната година 2026/2027 година во износ од 6150 денари.
Втората одлука која ја донесе советот предвидува реконструкција на паркот кај Музичкото училиште во Тетово, со што, како што беше посочено, овој јавен простор ќе добие нов, помодерен изглед и подобрени услови за рекреација на граѓаните, особено на децата и младите.
Од Советот порачаа дека продолжуваат со политики и проекти насочени кон унапредување на урбаната средина и квалитетот на живот во Тетово.
