Според најновата радарска слика, нестабилна облачна маса е присутна во југозападниот дел од Македонија, поточно во Преспанскиот регион.

Умерен дожд и ретки грмежи во Преспа

Нестабилноста во овој регион е проследена со умерени врнежи од дожд, како и со ретка појава на грмежи.

Пороен дожд и грмежи на североистокот

Развој на нестабилна облачна маса е забележан и во планинските подрачја во североисточниот дел од Македонија. Таму нестабилноста е проследена со пороен дожд и грмежи.