Нашата најдобра фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за дуелот со Италија во меч од квалификациите за ЕВРО 2024. Илија Несторовски, еден од нашите најдобри фудбалери кој веќе долго е во Италија,има сво видување за саботниот меч со „аѕурите“ во Скопје.
„Знаеме дека Италија посакува одмазда за Палермо. Тие од првиот ден се подготвуваат максимално за овој натпревар.Имаат нов селектор, нов принцип на игра, нова формација. Ние сме фокусирани на нас. Под притисок се гледаат јунаците. Во денешниот фудбал секој натпревар носи нов притисок. Се надевам дека ќе оствариме добар резултат. Ни треба целосна концентрација од првата па се до 95.минута. Се надевам дека ќе помогне и публиката, заедно можеме да дојдеме до добар резултат“ изјави популарниот Нестор кој во таа 2016 година на Арената во Скопје го “тресеше“ Буфон за 1:1, меч кој заврши со триумф на гостите од 2:3.