И покрај натпреварот задутре со моќната Италија на националната Арена „Тодор Проески“, таа и натаму е во очајна состојба. На два дена пред дуелот со Италија теренот не дозволува дополнителни активности, како официјален тренинг на двете репрезентации, објавува СпортСпорт.

Италијанците во Скопје ќе пристигнат утре во 17:30 часот, нашите информации велат дека тие ќе имаат само прошетка по теренот. Македонија и Италија играат во сабота со почеток во 20:45 часот во рамките на евроквалификациите.