– Ги постигнавме нашите цели, тоа е голем успех, изјави Нетанјаху пред медиумите во армискиот штаб во Тел Авив по стапувањето во сила на договорот за прекин на огнот.
Четвртата војна меѓу Израел и Хамас, откако Хамас ја презеде контролата над Газа, траеше 11 дена.
Нетанјаху предупреди дека Израел нема да дозволи нови ракетни напади.
– Ако Хамас смета дека ќе толерираме лансирање на мал број ракети, тогаш е во заблуда, рече тој, ветувајќи дека ќе одговори „со уште поголема сила на сите акти на агресија против израелските населби околу Газа или кој било друг дел на Израел“.