Нов бран на нестабилност попладнево предизвика невреме со силен пороен дожд и засилен ветер во повеќе делови на државата.

Метеоролозите алармираат дека во Валандовско и Скопско има услови и за појава на суградица, придружена со електрични празнења.

Врнежите и засилениот северен ветер веќе се активни во северните делови на Скопската Котлина каде се бележат ретки грмежи.

Паралелно, лошото време со пороен дожд е активно и во околината на Пробиштип како и на територијата на општина Свети Николе.

Граѓаните и возачите се повикуваат на будност во овие региони каде процесите во моментов се поинтензивни.