Во ек на енергетска, економска, здравствена криза, во состојба на лош животен стандард, за полициските службеници нема покачување на платите, вели претседателот на Независниот полициски синдикат, Гоце Делчев Тодев.
Години наназад полициските службеници се заобиколени од страна на властите. Три години, полицајците оние кои имаат најголема одговорност за безбедноста и сигурноста на граѓаните, бараат да бидат вметнати во Законот за Буџетот, но за возврат не добиле ништо.
Уште денеска е потребно покачување на платите и тоа најмалку за 20 проценти вели Делчев и додава дека оваа порака сериозно треба да сфати Премиерот Димитар Ковачевски. Независниот синдикат на полицијата ова го бара за сите полициски служебници а не само за своите членови.
Лидер: Дали вработените во полицијата се задоволни од платите, или синдикатот ќе бара покачување со оглед на покаќениот животен стандард и економската криза?
-Економската криза е прашање кое не ги заобиколи ниту моите комшии, ни моите пријатели, роднини, ниту пак колегите полицајците кои имаат најголема одговорност за безбдноста и сигурноста кон граѓаните. Како претседател на Независниот синдикат имам обврска и право согласно статутот да барам подобри услови и да оговарам пред нив.
Ние години наназад немаме покачување на платата , ние наназад со години сме заобиколувани и во неколкугодишни буџети не сме предвидени за покачување на платата. Зборувам за неколку годишни Закони за Буџет.
Која е основата на Министерот за внатрешни и на другиот синдикат кој е исто така репрезентативен како и ние, на кој начин и зашто вака ги решаваат прашањата, зашто нема покачување на плата треба они да одговорат.
Нашите барања се покачување и за минатите години, поточно од пред 3 години од кога немаме покачување на плата. Бараме покачување на платата најмалку за 20 проценти. Можеби несериозно звучи како бројка 20 проценти, меѓутоа ако ние 3 години немаме покачување на плата, 3 години немаме порамнување на плата по основ на бројни прашања како што се зголемување на трошооците за живот…, ако немаме покачување на плата по однос на бројни параметри во делот на финасиите во државата, ние значи џабе зборуваме за минимална плата на државно ниво, џабе зборуваме за одредени износи на плати по основ на одредени закони, зашто за нас најверојатно ништо не важи.
Ние како Независен синдикат на полицијата, и јас како гласноговорник, гласно и одговорно велам: не 5, не 10, 20 проценти е потребно зголемување на платата во овој момент, денеска , сега во истиот момент.
Тоа што како претседател на НСП го барам и го имам како обврска кон телата и органите на синдикатот е само основа да пренесеме на јавноста а особено ова да стаса до министрите за внатрешни и финасии а посебно до новиот премиер Димитар Ковачевски.
Сериозно да се разгледаат овие моменти, овие побарувања на Независниот синдикат и ова да важи за сите вработени во полицијата не само за синдикатот кој јас го претставувам бидејќи сите се рамноправни пред Законот. Независниот синдикат не само што се залага само за своето членство , туку за сите вработени во полицијата, вели Гоце Делчев Тодев за Лидер.