Новиот колективен договор, кој го потпишаа во мај ССМ и Владата има голем број недоследности и ние тој договор не го признавама порачаа од Независниот синдикат на геријатрија. Својот револт го изразија пред Министерството за информатичко општество и администрација каде на 16 јули поднеле барање за средба со министерот Алиу, за да се исправат грешките, но до сега не добиле одговор, објави Телма.

-Имаат измешано буквално баби и жаби каде што определен број на вработени ставени се во група на минималец иако претходно биле во други групи. На пример минималецот кога беше 15.200, истите тие вработени се ставени во минималец имаат плата од 17.000 денари, што значи нивниот коефициент 1.877 треба да биде 2.362 и да им следува покачување на плата како што следува и на другите. Тоа се категории на болничари, негуватели, возачи на брза помош, обезбедување коешто го имаат самите здравствени установи, Лазар Костовски, претседател на независниот синдикат на геријатрија.

Бараат 30% покачување на платата од август месец, без никакви преговарања доколку тоа не се случи најавувуваат протести. Според Костовски вработените во здравство се ставени на граница на егзистенција.

-Можам да кажам дека се врши притисок на било кој начин. На сестрите во определени здравствени установи им се налага да работат нешта кои не се во нивните задолженија, да пуштаат машини за перење, да мијат садови, тоа сестрите го прават во некои здравствени установи. Други установи имаат други проблеми, на пример во геријатрија невработеност, додава Костовски

За министерот Алиу, нејасно е зошто протестот на Незивисниот синдикат на геријатрија е токму пред Министерството за информатичко општество и администрација, доколку имаме предвид дека Независниот синдикат на геријатрија потпаѓа под Закон за работни односи. Ги покани на средба, но напомена дека до сега нема добиено барање за истата.

-Моите првични сознанија е дека немаме барање за таква средба како и да е, денес е сабота и може по некој друг пат е поднесено барањето. Јас во понеделник ќе проверам и еве ги поканувам јавно во понеделник да се сретнеме, вели Азир Алиу, министер за информатичко општество и администрација

За Независниот синдикат на геријатрија е несфатливо доколку вработените во Министерството за финансии и вработените во УЈП си ги зголемиле платите за 30%, тоа да не биде случај и со здравствените работници.