Граѓаните вчера го искажаа револтот преку социјалните мрежи поради сообраќајната (не)култура во Скопје, откако дел од граѓаните ги оставиле дел од своите возила на тревникот пред зоолошката градина.
Очигледно дел од возачите не можеле да пронајдат паркинг во близина на зоолошката градина, па се решиле да ги остават своите возила во зеленилото.
-Ни Бангладеш не ни е рамен, политичарите не се виновни, полицијата треба да казнува, па да видиме дали вака ќе се паркираат во зеленило, се само дел од реакциите на гневните граѓани.