Но, по скоро месец и половина од Стојанка нема ни трага, ни глас.

Телото на Стојанка не беше пронајдено во куќата што изгоре, а која беше нејзин дом кој го делеше со својот вонбрачен сопруг, две децении постариот Борис Димковски.

Во среда попладне тој топол августски ден кога избувна пожарот, самиот дедо Борис рече дека кога избувнал огнот тој излегол да го спаси тракторот, но за миг пламените јазици станале големи и тој повеќе не можел да се врати по Стојанка, која во страв и паника се заклучила во куќата.

Официјално Стојанка сѐ уште се води како исчезната, а од Министерството за внатрешни работи велат дека предметот е во рацете на Основното јавно обвинителство, од каде пак велат дека истрагата е во тек.