Професорката Татјана Алексиќ со силен апел по случајот во Ѓорче Петров

Професорката по македонски јазик Татјана Алексиќ јавно реагираше по вознемирувачкиот случај во скопската населба Ѓорче Петров, каде ученички од основно училиште малтретирале и понижувале своја врсничка.

„Кој ги научи толку да мразат?“

Алексиќ, која предава во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, испрати силен апел до јавноста, прашувајќи каде децата виделе, слушнале или научиле такво насилство и омраза.

„Каде виделе, слушнале или прочитале за такви гадости? Кој ги научи толку да мразат и злоставуваат?!“, порача таа.

Итна потреба од стручна помош во училиштата

Според Алексиќ, на училиштата итно им се потребни стручни лица, образовни асистенти, социјални работници, педагози, психолози, психотерапевти, дефектолози и логопеди.

Таа посочува и на потреба од служби за детектирање метал и оружје при влез во училиште, систематски прегледи, ограничување на социјалните мрежи до 18 години и цивилизирани казнено-поправни домови.

„Ние систематски моделираме генерации“

Професорката предупредува дека децата учат од возрасните и дека агресијата што ја гледаат околу себе ја повторуваат и имитираат.

„Ќе учат од нас возрасните за агресија и добро ќе нѐ имитираат. Ние систематски моделираме генерации на психопати!“, порача Алексиќ.