Џафери ќе го повика потпретседателот на собранието, Фадил Зендели од Беса да ја води седницата за да не го бројат Џафери како присутен за кворум. Во салата се присутни само 60 пратеници од опозицијата. Фали пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи. Брифинзите од опозицијата се дека двата телефони на Реџепи се исклучени, а во двата стана нема никого.
Седницата се одржува во куполата, без прусуство на медиумите, бидејќи новинарите немаат пристап во таа сала. Објаснувањата се дека во пленарната сала „Македонија“ се вградува нов систем за гласање.