Доктор Нико Беќаровски со предлог како да се реши сообраќајниот хаос со паркирањето на Клинички, објавува СкопјеИнфо.
Тој смета дека изградбата на современ Ургентен центар на местото на сегашниот паркинг меѓу ГАК и Хируршкиот блок, над кој ќе има катна гаража е единствено решение за секојдневниот сообраќаен хаос во Клинички.
– За вработените иста таква катна гаража може да се изгради кај модуларната болница. Движењето на сите возила, освен Брза помош и Интерклиничките возила во останатиот дел би бил строго забранет, а за неподвижните пациенти би постоеле соодветни колички. Не измислувам “топла вода”, само сугерирам како да се “искористи”, а и полесно ми е кога ќе си кажам, порача докторот на својот фејсбук профил.