Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија вели дека во моментов нема никаква причина учениците да преминуваат на онлајн настава, бидејќи за најмладите пациенти сојот омикрон на коронавирусот е обична вироза.

-Ако во Грција со преку 20.000 нови случаи и во Хрватска со 9000 нови случаи секој ден, ДЕНЕС ЗАПОЧНА НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО, нема ниту една причина некое си “САМОПРОГЛАСЕНО ЗДРУЖЕНИЕ” да бара on line настава во Македонија. За децата омикрон е обична вироза, какви што има секоја зима !!! Местото на децата е во училишните клупи, а на неработниците вон образованието.Единствено може почетокот да се одложи до понеделник 24 јануари, смета Беќаровски.