Македонскиот дипломат и ексминитсер за надворешни работи Никола Димитров основа нова невладина организација која ќе го носи името „Солуција“.

-“Солуција” е невладина организација со мисија посветена на справување со корупцијата, клиентелизмот и поларизацијата на општеството; унапредување на општествената дебата, облагородување на јавниот наратив и културата на дијалог; креирање и поддршка на конструктивни решенија во политиката, економијата, правдата, животната средина, надворешните работи, мирното решавање на меѓународните спорови; унапредување на демократијата, заштита на човековите слободи и права, почитување на достоинството на човекот и развој на либералните политики, се наведува во описот на фејсбук страницата на оваа невладина зад која стои Димитров.

Денеска „Солуција“ организира панел – дискусијата со наслов “Македонскиот ден на мрмотот – излез од лавиринтот на корупцијата и клиентелизам”.