– Тоа се три изгубени генерации, тоа се три изгубени години затоа што не се создаваат соодветни работни навики кај децата, не се случува социјализацијата која е искличително потребна баш во фазата на развој на децата и паѓа квалитетот на образование и на знаење, посочи Николоски.

Тој апелираше веднаш да се обезбедат вакцини за наставниот кадар со цел да можат да се вакцинираат учителите, наставниците и професорите и да може од септември да се отворат училиштата затоа што само така може да имаме здрава нација.

– Да бидам искрен во однос на овој повик сум скептичен како и во однос на се останато што се случува и затоа логичното решение ден поскоро, час поскоро е оставка на овие неспособни, корумпирани и самобендисани. Видете што ни се случува само во една недела . Вакцини во Македонија нема, ама има кокаин. Вакцини во Македонија нема, ама имаме шверц на кокаин, а наркобосовите како што ги нарекува обвинителството бегаат затоа што некој од полицијата им дојавува. Претходно една недела пред тоа вториот и третиот човек на Владата како ништо да не се случило си заминаат на одмори на најлуксузни дестинации во Мексико и во Дубаи без трошка срам да имаат кон луѓето кои што се борат со корона вирусот и гледаме пред некој ден во Прилеп Зоран Заев и Венко Филипче, двајцата најодговорни за борбата со корона вирусот си слетаа со хеликоптер како да се филмски ѕвезди. Такви неспосбни ја водат Македонија, такви бандити ја водат Македонија и затоа е потребно оставка ден поскоро, час поскоро, рече Николоски.