Премиерата на македонската серија „Бистра вода“ се одржа вчера. Присутната публика, меѓу кои и голе број политичари и јавни личности, имаше можност да види нешто ново и поинакво.

-Премиера на првата епизода од најновата и прва македонска крими-серија „Бистра вода“ . Честитки до целиот тим кој работеше на оваа прва македонска крими-драма. Честитки до Алфа Телевизија и режисерот Јани Бојаџи. Ова е ентузијастички проект без денар државна помош. Секоја чест!, пишува Николоски на Фејсбук.

Телевизиската премиера на серијата е на Алфа телевизија на 5-ти март.