Координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Јован Митрески вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека доколку се отвори Уставот, самите правиме дистинкција меѓу бугарскиот и македонскиот народ.

Според него, многу е значајно да се разбере што ќе значи внесувањето на Бугарите и останатите заедници во Уставот.

„Најмалку е важно дали ќе ја отвориме во Собранието постапката за отворање на Уставот. Во овој случај поважно е гледање на фактите во очи, што значи внесување на Бугарите во Уставот. Јас неколку пати сум кажал, и на собраниска седница дека треба да бидеме сериозни и свесни дека не си го побиваме македонскиот идентитет. Внесувањето на Уставот ќе значи разделба на народи. Со внесувањето на Уставот сами правиме дистинкција“, вели Митрески.