Потпретседателот на партијата Александар Николоски и на својот фејсбук и изрази голема благодарност на Унгарија:
-УНГАРИЈА ДОНИРАШЕ ВАКЦИНИ ЗА МАКЕДОНИЈА! Благодарност до нашиот пријател Сијарто!
Денес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Владо Мисајловски, остваривме средба со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.
На средбата изразивме голема благодарност за помошта која ја дава Унгарија на Република Македонија во битката со корона вирусот и се заблагодаривме за денешната донација на вакцини со цел полесно да се справи државата со корона кризата. Исто така изразивме благодарност и за континуираната поддршка на патот кон ЕУ.
Заедно заклучивме дека е потребно државата да започне безусловен старт на преговорите со ЕУ. На Македонија и се потребни реформи кои ќе го подобрат животот на граѓаните и потребна е одлучна и силна борба со криминалот и корупцијата,напиша Александар Николоски на својот фејсбук профил.
УНГАРИЈА ДОНИРАШЕ ВАКЦИНИ ЗА МАКЕДОНИЈА! Благодарност до нашиот пријател Сијарто! 🇭🇺 🇲🇰
Денес заедно со…
Posted by Aleksandar Nikoloski on Wednesday, May 12, 2021