Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе привлекуваат странски и домашни инвеститори. Штом тоа не го прави владата на СДСМ и ДУИ ќе го прават градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, напиша на социјалните мрежи потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски.

Без разлика што се со лимитирани ингеренции ќе направат се да отворат НОВИ РАБОТНИ МЕСТА.  Фондацијата Конрад Аденауер викендов во Прилеп одржува обука за градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Благодарност до фондацијата која е исклучително голем пријател на ВМРО-ДПМНЕ и фондација која постојано дава силна поддршка во насока на развој на капацитетите на нашата партија, изјави Николоски.