Заев е главата на кругот, мафијата, ако падне главата а системот ќе падне цел систем. Заев одговори нервозно дека нема да си оди од функцијата затоа што знае дека паѓа. Кој по ваков случај ко овој со модуларната болница во Тетово која изгоре останува на фотелја, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа.

Николоски посочи дека истрагата ја води тетовско обвинителство, а тоа е како да си во штаб на ДУИ.

„Еве десеттина дена поминаа, а нема ништо во јавноста. Нормално е да изразуваме сомнеж за истрагата“, рече Николоски.

Според него интересна ќе е истргата за модуларните болници.

„Тука има прашања по неколку основи. Прво, дали согласно закон проектот за ковид центри го правела лиценцирана компанија со А лиценца или т.н. проектна единица во минситерство за здравство, ние имаме сознанија дека е второто што е спротивно на закон. Второ, никој не покажа дека имаат атест за квалитет на материјали, трето, противопажерен систем немало, четврто, за евакуација план немало, и петто, сите знаеме кој ги градеше болниците“, кажа Николоски.