Она што можам да кажам е дека во Гази Баба имаме исклучително добро опозиционо расположение, про ВМРО-ДПМНЕ и очекуваме убедлива победа на претстојните локални избори и градоначалникот да биде повторно од ВМРО-ДПМНЕ, а знаете дека мнозинството во Советот и во овој состав е предводено од ВМРО-ДПМНЕ.

После локалните избори очекуваме победа за градоначалник и Општина Гази Баба да ја води градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ кој ќе ја реализира програмата која заедно со граѓаните веќе ја спремаме и треба да даде одговори на клучните прашања за живеењето во Гази Баба и да стави крај и стоп на криминалните политики кои ги води актуелниот градоначалник пред се во делот на урбанизацијата, а исто така и во делот на заштита на животна средина. Затоа што во моментов има неколку иницијативи за изградба на загадувачка индустрија, тука во непосредна близина во кругот на Железара, до населбите Автокоманда и Железара, од другата страна Маџари каде што сакаат загадувачка индустрија која ќе го загрози животот на граѓаните.

Ние сме против тоа, ќе го спречиме тоа, а идниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја развива општината во правилна насока.

Разговаравме за проектите кои се потребни за периодот кој доаѓа и на ниво на општина и на ниво на Град Скопје и очекуваме победа и за градоначалник на Град Скопје.