-Ако ме прашате дали сакам да почне преговори, апсолутно сакам и сонувам. Но мораме да ги гледаме работите реално. Најсимпатично би било да кажам дека почнуваме преговори сега во декември, но секогаш се обидувам да бидам реален. Многумина не веруваа пролетта 2018 година кога реков дека дури Зоран Заев да го промени името, нема да почне преговори со ЕУ, и додека е тој премиер, Македонија нема да почне преговори. За жал брв во право, затоа што сакам Македонија да напредува.

Македонија, за жал, нема да почне преговори во декември и нема да почне преговори. Смешна работа е коментарот на Димитров дека можеби во јануари. Целата ЕУ во јануари е на одмор, а може датум за скијање да се добие, а не за почеток на преговори.

Се знае кога може да се носат одлуки. Има можност во декември, март и јуни. Се друго е лажење на народот. Убеден сум дека Македонија во декември нема да почне преговори, што ќе го разбие последниот меур за останување на Зоран Заев на власт“, рече Николоски кој кажа дека Бугарија е сериозен проблем, но најголем проблем е тоа што работите не функционираат во Македонија.