-Никој денес од владата, не дава одговори на клучните прашања а тоа е дали Македонија ќе има електрична енергија и по која цена после 1. јануари, и дали Скопје ќе има парно греење и по која цена после 1. јануари. Околните земји се растрчани, а во Македонија гледаме игри без граници и латиноамерикански филмови, ама не гледаме две клучни прашања, а тоа е како ќе се презими зимата. А тие се битни не само за тоа, туку дали ќе има работни места. Ако на фабриките им се зголеми цената на струјата за три пати, ќе мора затворат. Странски инвестиции секако не доаѓаат со оваа влада, и постојните ќе заминат ако имаат трипати поскап гас или електрична енергија. На овие прашања владата не дава одговори, рече Николоски.

ТВ21: Можеби ќе има нов владин кабинет, после утрешниот ден ако влезе Алтернатива на Гаши во Влада, тогаш мнозинството би било 64, и отпаѓа можноста за брзи избори.

-Било кој што сега се обидува да манипулира со волјата на граѓаните, треба да даде одговор на овие две прашања. Денеска на светските берзи на еден метар кубен гас достигна 1100 долари, а Македонија ја набавува по 280-290 долари. Еден да одговори како ќе се компензира оваа разлика од околу 800 долари, што помножена по многу милиони кубни метри, се стотица милиони метри. Второ во моментов ЕСМ продава електрична енергија на ЕВН која стига до нашите домови 35 до 37 евра по киловат час. РЕК Битола не произведува доволно, и лажги се дека Мицибиши ќе инвестира. И сега нема јаглен, и ќе мора да се увезува струја. Цената е 230 – 250 евра киловат час. Граѓаните во моментов ја плаќаат 35-37 евра за киловат час, на берза чини 230 до 250. Па прашањето е како ќе се покрие дупката која е осум пати поголема. Ако граѓаните плаќаат 1000 денари, во иднина ќе треба да плаќа 8000 денари, вели Николоски.