Министерството за транспорт со низа прокети
На средбата се разговараше за динамиката за реализација на проектите што ги спроведува Министерството за транспорт како дел од процесот за унапредување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, а се насочени за модернизација и унапредување на работата на граничните премини.
Видео надзор и препознавање таблички
Се работи за проектот за новиот систем за видеонадзор и автоматско препознавање на регистарски таблици преку кој се инсталираат преку 350 типови на надзорни камери на граничните премини.
Понатаму се разговараше и за реконструкција на граничните премини Ќафасан и Деве Баир, проект кој ќе започне да се реализира во скоро време.
Граничните прекини клучна цел за безбедноста на граѓаните
Министерот Николоски истакна уверување дека проектите се реализираат со потребната динамика, се со цел да се унапреди системот на услуги што се овозможува на граничните премини.
„Подобрување на условите за работа на граничните премини е процес кој го спроведуваме во соработка со Царинската управа и преку кој создаваме систем на квалитетни услуги за сите економски оператори. Со реализација на овие проекти го унапредуваме транспортот, ја зголемуваме ефикасноста на граничните премини и ова се проекти со кои обезбедуваме бенефит за Министерството за транспорт, за Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и други државни институции. Ова е од огромно значење и за регионалната соработка како владин приоритет“, истакна на средбата министерот Николоски.
Исто така на средбата се отвори и прашањето за имплементација на едношалтерскиот систем „Single Window“ преку кој ќе се поврзат државните институции за подобрување на услугите за граѓаните и бизнис секторот.