Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.

На средбата се разговарало за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за натамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји.

Николоски истакна дека Владата останува силно посветена на реализацијата на капиталните инфраструктурни инвестиции, кои претставуваат значаен двигател на економскиот раст, регионалното поврзување и подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните.

Тој нагласи дека соработката со Соединетите Американски Држави ќе продолжи да се унапредува во сите области од заемен интерес, во духот на традиционалното пријателство и партнерство меѓу двете земји.