Александар Николоски ја откри 11-тата нова линија за само 10 месеци

Од 31 октомври – нова авиолинија Скопје – Ларнака. На пат кон Охрид, по повод одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, соопшти значајна вест. Од  31 октомври 2025 година, ќе започне со работа новата директна авиолинија Скопје – Ларнака (Кипар).

Оваа линија е единаесетта по ред што се воведува во изминатите 10 месеци, што, според Николоски, претставува директен резултат на владините субвенции и проактивни политики за развој на авиосообраќајот.

Започна нова авиолинија од Скопје: Еве каде може директно да летате од скопскиот и охридскиот аеродром за летната сезона

Субвенциите даваат резултати – Владата фокусирана на воздушниот транспорт

Николоски потенцираше дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно инвестира во развој на нови авиолинии, со цел да се поврзе Македонија со што повеќе европски и светски дестинации. Тој нагласи дека резултатите се веќе видливи, а граѓаните и економијата добиваат директни бенефити од подобрената поврзаност.

 Ларнака станува нова можност за патување и туризам

Воведувањето на авиолинијата кон Кипар, особено кон туристички атрактивната Ларнака, ќе отвори нови можности не само за граѓаните кои патуваат, туку и за бизнис и туристичка размена. Оваа дестинација е значајна за македонската дијаспора, за туристите и за зголемување на економската соработка меѓу двете држави.