Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при денешната посета на општина Карпош во однос на денешниот конгрес на СДСМ истакна дека конгресот е внатрепартиска работа на СДСМ.

Николоски рече дека не очекува ништо ново, нови кадри или некоја нова идеја што ќе ја извади Македонија од здравствената и економска криза.

„Па тоа е внатрепартиска работа на СДСМ и јас не очекувам ништо ново, не очекувам дека ќе има некоја нова идеја која што ќе ја извади Македонија од оваа здравствена и економска криза за жал во која што се наоѓа ниту очекувам дека некои вонредно чесни кадри ќе има како нови решенија во СДСМ напротив очекувам да Зоран Заев се капсулизира односно да си постави свои послушници околу себе, сум кажал и претходно ќе повторам и денес мислам дека не е работа на ВМРО-ДПМНЕ да се занимава со СДСМ ниту е работа на СДСМ да се занимава со ВМРО-ДПМНЕ како што се обидуваше тоа да го прави во изминатиот временски период видовме дека не успаа и нема да успеваат и понатаму во иднината фигуративно кажано сега мечката игра во нивниот двор имено се говори за независни листи од страна на незадоволни членови од СДСМ како и за формирање на нова политичка партија но тоа е работа на членовите на СДСМ нека си го решаваат тој проблем помеѓу себе” нагласи Николоски.