Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето на емисијата Само Вистина на Канал 5 во која дебатираше со потпретседателот на Владата Фатмир Битиќи, објави ексклузивни документи во однос на набавката на гас преку која се гледа дека власта добила понуда со фиксна цена од 850 евра за текот на цела 2023 но истата ја одбила.
– За првпат објавувам документ на кој се гледа дека една од позициите кои ВМРО-ДПМНЕ и ги предложи на владата за набавка на природни енергенси понудила фиксна цена од 850 евра за текот на цела 2023 година. Но, од власта ги мафтаа дојди во вторник, дојди во четврток, дајте ваква понуда, дајте онаква понуда. Во меѓувреме, цената по која ТЕ-ТО го набавува истиот енергенс односно гас е 1950 евра за илјада метри кубни, објави Николоски.
Тој додаде и дека на тој начин владата го оштетува буџетот на граѓаните и на си ги тераат сопствените бизниси.
– Низ јавноста се шпекулира дека две фирми од Бугарија и една од Турција кои се блиски до СДСМ и ДУИ, се подготвуваат да го земат пазарот со енергенси по повлекувањето на Макпетрол, додаде Николоски.