Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вечерва има тв дуел со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, а прва од темите за кои разговараа беше случајот со Хеленик Петролеум.

Денеска актуелна е темата со исходот од арбитражната пресуда за продажбата на Окта која ќе ја чини земјава над 25 милиони евра е очекуван. Според Битиќи, иако државата треба да плати толку голема сума тој ова не го гледа како пораз. На ваквиот став на вицепремиерот Битиќи, Николоски се јави се сосема спротивен став.

Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ карактеристика на оваа власт е поразите да се слават како победи.

Бројни државни порази се слават како победи. Промена на име секаде во свет е понижување, а во Македонија Владата го слави како победа, или договор со Бугарија во којшто се негира македонскиот идентитет секаде во светот се слави како пораз, кај нас како победа, дециден е Николоски.

Николоски потенцираше дека тој којшто го потпишал овој договор сега е коалиционен парнтнер на власта и рече дека таму треба да се насочат прашањата.

Покрај судскиот процес со Хеленик Петролеум Николоски зборуваше за рудниците како Казандол, Иловица, а таму се работи за многу поголема оштета. Според него, се водат лоши политики на повеќе теми, а една од нив е и електричната енергија.

Зошто Македонија е пред најтешката зима во историјата?, заклучи Николоски.