Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ денеска ја започнаа активната блокада на Собранието која ќе трае сè до договорот за датум за предвремени парламентарни избори.

-Од денес активна блокада на Собранието на сите штетни закони поднесени од страна СДСМ и ДУИ се до ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ!, пишува на својот фејсбук профил потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.