Министерот за транспорт, Александар Николоски, денес заедно со премиерот Христијан Мицкоски беше во посета на Јавното претпријатие за државни патишта.

Од таму порача дека одговорност за криминалот на претходното раководство на СДСМ и ДУИ ќе има.

„За брзо време ќе се видат и првите реализирани проекти, а во годините што доаѓаат ќе видиме многу реализирани автопати, експресни патишта, магистрални патишта и бројни други проекти.

Во краток период ја нормализираме работата на ова важно јавно претпријатие, ја убрзавме динамиката во работата на постојните проекти и промените веќе се чувствуваат“ – истакна тој.