Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, истакна дека авиосообраќајот во Македонија бележи силен раст, со отворање на 22 нови линии кои ја поврзуваат земјата со Европа. Според него, аеродромите стануваат регионални лидери, а во наредниот период се планирани дополнителни активности за унапредување на транспортната инфраструктура.

Силно се развива авиосообраќајот во Македонија. Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа. Аеродромите во државата со се поголем број на патници стануваат лидери во регионот.Продолжуваме во период кој следи со уште повеќе активности со цел зајакнување на авиосообраќајот“, вели Александар Николоски.