Артан Груби зборува за француски врски и датум за преговори, Никола Димитров вели да не шириме лажен оптимизам, а Бујар Османи молчи. Ова е несериозно, а несериозно е веќе и да се коментираат овие луѓе, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостувањето во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа.
Скептичен сум во однос на капацитетите за формирање тим, еве и да се склопи, вели тој, но што ќесе понуди на маса.
„Што ќе понуди оваа влада закон за марихуана, тендер за РЕК Битола, еве сега ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници кои гледаат дека нема општина каде нема криминал“, рече Николоски.
Според него однесувањето на функционерите на СДСМ се сведува на јадење по кафани и местење тендери.
„Еве денес на Советот на Град Скопје се зборуваше за состојбите во јавните претпријатија, општините. За состојбите во Дрисла, Водовод, ревизорска куќа ќе го разгледува работењето на претходникот во Кисела Вода, тоа треба и во други општини, во Штип јавните претпријатија заглавени долгови. Но, за сето ова ќе си одговараат затоа што трошеле пари на граѓаните“, рече Николоски.
Корумпирани се сите структури и во министерствата.
„Граѓаните го гледаат секој ден ова и знаат дека за се им се бараат пари“, вели Николоски.