Македонија е блокирана од најслабата членка на ЕУ, Бугарија. Најголемата грешка на владата на Заев е Македонија и Албанија да влезат заедно во ЕУ, 4 луѓе биле на маса кога се договарало тоа, а еден од нив ми кажа. Првата причина зошто има скепса за Македонија е групата со Албанија, а втората е корупцијата, има широко распространета корупција и затоа не ја притискаат од ЕУ, Бугарија, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостувањето во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа.

Тоа е лошо за Македонија, додаде Николоски, но таа е вистината.

„Македонија е заложник на лошите политики на Заев и распространетата корупција и криминал во земјава. Ова ниво на светс што се покажа на локалните избори да беше и лани на изборите и да имаше влада од ВМРО-ДПМНЕ ќе сменевме нешто“, рече Николоски.

Според него СДСМ и Заев не се заинтересирани за Македонија.

„Тие од сабајле излегуваат на телевизиии и зборат за ЕУ, и седнуваат на ручек и зборуваат за криминал и повторно исто, така изгледа нивниот работен ден“, рече Николоски.