Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Николоски вечерва во гостување на МТВ изјави дека многу кадри од власта ќе имаат корист од измените на Кривичниот законик.
Вели дека оваа приказна не е само во една насока, ова е повеќенасочна, со цел да се избегне одговорност.
„Партијата мора да го заврши овој процес на катарза кој почна во октомври 2018 година“, рече Николоски.
Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ повремено се прочистува од одредени кадри. Вели дека не треба да се заборави каква партија наследија.
Николоски рече дека екс премиерот Никола Груевски имал и добри моменти додека ја водел Владата, но вели дека од тајни игри, страда народот.
Тој вели дека притисокот на странците треба да се насочи и кон Бугарија. Додаде дека Бугарија не е најсилната земја членка на ЕУ, туку е втора најслаба. Николоски рече дека проблемот е што врз Бугарија не се врши притисок.