Перформансот на економијата е одличен, ги гледате бројките и резлтатите, ќе се почуствуваат, граѓните го гледааат ама не го чуствуваме. Потребно е најмалку една година откако ќе се случи тој економски напредок за да го почуствуваат луѓето на својот џеб и тоа ќе има континуитет, оценува вицепремиерот Николоски.
“Во однос на корупцијата можам да кажам дека можеме повеќе и подoбрo пред сe во делот на судството и обвинителството. Мислам дека МВР коректно си ја работи својата работа, но МВР е една од алките во системот. Мислам дека судството и обвинителството целосно потрфлаат и оваа ситуација не може да остане вака. Знаете дека ние поведовме постапка за разрешување на пет члена на Судскиот совет на крај најдоа дупка во Законот и велат не поднесуваме оставка. Што морал да имаш да ти изгласаат недоверба во Собрание, а ти да продолжиш да седиш на таа маса и да носиш одлуки? ”-истакна вицепремиерот Николоски и додаде:
“Мојата оцена за судството и обвинителството е дека не се на својата задача и не можат да ја следат оваа Влада предводена на ВМРО -ДПМНЕ. Перформансот што го дава оваа Влада на ВМРО -ДПМНЕ, судиите и обвинителите не можат да го следат” изјави вицепремиерот Николоски.