Ако ЕУ навистина сака да почне преговори тогаш ќе почне, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски по денешната одлука за Украина и Молдавија да почнат преговори со ЕУ и поентира дека Унијата треба да ја пристисне Софија, а проблемите за македонско-бугарското прашање не треба да бидат адресирани во Скопје.
Вчера ЕУ презентираше дури 40 препораки до македонските власти, а веќе денеска, пред еден час претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел соопшти дека Украина и Молданија ќе ги започнат преговори со ЕУ, започнува Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека со влегувањето на Украина и Молдавија и покрај блокадата од Унгарија вели дека клучно е да има политичка волја.
Ако ЕУ навистина сака да почне преговори тогаш ќе почне, вели Николоски.
Николоски вели дека проблемите треба да се адресираат во Софија, а не во Скопје.
Никој не врши притисок, никој не ја притиска Бугарија. Многу дипломати доаѓаат во Македонија, во ВМРО-ДПМНЕ. Јас честопати на крајот на состанокот ги прашувам „Дали после ова продолжувате за Софија“ и ме гледаат чудно. Проблемите треба да се лоцираат во Софија, а не во Скопје.
Николоски ги одби обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ не нуди решенија и потсети дека најголемата опозициска партија понудила три планови, но не наиша на разбирање од властите.
Ние имавме три планови кои власта не ги ни погледна: хрватски предлог, предвремени избори со политички, правен и економски пакет со гаранции и имавме трет предлог со одложено важење на уставните измени.
Николоски потенцира дека со самото тоа што Бугарија одбива одложено важење на уставните измени се гледа пошироката слика дека не е се така како што се претставува.
Ако е вистина дека во 2030 година ќе влеземе во ЕУ тогаш зошто што ѝ менува на Бугарија 6 години?, прашува Николоски.