Николоски истакна дека начинот на кој властите ги бираат зборовите е интересен.
– Интересно е како ги бираат зборовите. Во конкретниов случај поскапувањето на бензинот и на дизелот, се решија да го крстат како еколошка такса. Јас повеќе би рекол дека е данок во крв отколку еколошка такса, затоа што се цица крвта од македонскиот народ и од граѓаните на Македонија. Затоа што поскапувањето на бензинот и на дизелот за 4 денари ќе удри по џебот на секое семејство и директно за сите кои имаат автомобили, но и индиректно затоа што ќе поскапи транспортот, а со тоа и производството на многу производи почнувајќи од лебот, продолжувајќи преку основните намирници, истакна Николоски.
Тој потенцира дека покрај поскапувањето на бензинот и дизелот власта во моментов работи на нова цена на електричната енергија која се очекува исто така да поскапи и тоа во двоцифрен процент во однос на ова што е досега.
– Што значи дека има едно целосно потфрлање на владата во економијата кое треба да го плаќаат граѓаните, преку овој како што го нарекувам данок во крв преку поскапување на бензинот, дизелот, но и на струјата. Но и на тоа ќе дојде крај на следните избори, нагласи Николоски.