Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 4, на денешниот народен митинг имаше свое обраќање во рамки на
во рамки на денешните митинзи во струмичкиот крај имаше свои обраќања во рамки на изборната кампања на партијата чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“, за претстојните локални избори закажани на 19 октовмри 2025 година. Николоски истакна дека лидерот на опозициската СДС има неколку регистрирани компании во соседна Бугарија, и повика истиот тој Венко Филипче да даде одговор на јавноста и да ги открие деталите за тие компании. Затоа што, според него, јасно е дека се работи за најголемата криминална банда во политиката на државата, а тоа е бандата на СДС.

,,Венко Филипче има неколку компании регистрирани во Петрич, на улица Гоце Делчев број 4, па добро е да каже како се регистрираат тие компании, што работат тие компании, од каде профитот на тие компании и дали од докторска плата тоа се заработува“, рече Николоски.

Според Николоски, СДС ја опустоши целата држава и потоа за да се заштитат и тие самите правеа национални предавства. Тој повика на масовна излезеност на локалните избори на 19 октомври годинава, па така на тој начин да се стави крај на оваа криминална банда на СДС

,,Добро е македонскиот народ да ги слушне сите овие одговори. Јасно е дека се работи за најголемата криминална банда воопшто видена во македонската политика. Се работи за луѓе кои што ја опустошија цела држава, а за да се заштитат себе правеа национални предавства. И затоа ни е потребна една голема мобилизација на овие избори. Масовно да се излезе на 19 октомври, да гласаме за број 9 и да победиме уште во првиот круг, за да ставиме конечен крај на оваа банда“ вели Николоски.