ВМРО ДПМНЕ  пред изборите доби огромна поддрпка и од европските сестрински партии, поддршка  добивме и од Доналд Туск и тоа на македонски јазик, изјави потпретседателот  на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски во студиото на Сител ТВ.

Јас  сум благодарен на граѓаните и јасно е испратена пораката дека промени се потреби и промени ќе се случат во Македонија.  Една ваква убедлива победа на локални избори од опозициона партија досега немало, изјави Николоски

Граѓаните поддржаа промени во Македонија , ќе излезат и во вториот круг . Во една прилика му реков на Зоран Заев  во Собрание , сум гледал и едни други кога поразите ги претставуваа како победа, тоа е најлошата услуга. Самото тоа што не излегува на прес конференција говори доволно, изјави Николоски.

Вечерва СДСМ ја потцени интелегенцијата на граѓаните, констатира Николоски.