Во мојот ресор одзедов 489 лиценци. Очекував да се случи баш тоа што се случи, а тоа е дека носителите на тие лиценци ќе се обидуваат да го изигруваат системот преку судски процеси. Заради тоа сменивме 9 закони и сега веќе одземањето на лиценцата е правосилно со самото одземање. Секако постои право на жалба, но тоа не го одлага извршувањето. Секако работите не можат да се сменат преку ноќ, но некои почетни контури се гледаат, вели вицепремиерот Николоски.

Тој потенцираше дека будно ги следи активностите на обвинителството, во однос на преземените дејствија во истрагата за кочанската трагедија.

“Единствената причина зошто ние дадовме шанса, е да не се блокира истрагата, така што ќе видиме сега што ќе донесе Oбивинителството. Јас се надевам дека професионално ја работат работата и на најпрофесионален начин ја завршуваат работата, но за брзо ќе го видиме исходот” – рече вицепремиерот Николоски.

Во однос на критиките упатени од страна на опозицијата, Николоски истакна дека истите се без кредибилитет.

 “СДСМ се’ уште не сфаќа што им се случи. Народот генерално кон СДСМ имаше три револти. Првиот беше заради енормната корупција. Вториот беше заради толеранцијата заради се што правеше ДУИ и третиот беше заради силното национално понижување. Во однос на третово, вртат повторно иста плоча. Повторно дека треба да свиткаме кичма кон Бугарија, дека треба да попуштиме за да напредуваме во однос на интеграциите. Значи тие не ја сфатиле пораката, како што не ја сфатиле пораката и во однос со ДУИ”-додаде Николоски.