Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски тврди дека е најдено решение со потписите на иницијативата за гласање недоверба на Владата и убеден е дека утре ќе падне Владата.
Собранието е известено дека од првичната иницијатива се повлечени, според едни информации 20, според други 17 потписи. Меѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои ги повлекле потписите се и Александар Николоски и Владо Мисајловски, а потписите ги повлекле и двајцата пратеници од Левица, Димитар Апасиев и Борис Крмов, со што е задоволено барањето на Скендер Реџепи неговиот потпис да не стои до потписите на Левица.
„Од тактички причини одредени пратеници ги повлекоа потписите така што утре очекуваме да се случи седницата и да падне владата”, изјави Николоски.
Според извори од ВМРО-ДПМНЕ, пратениците кои ги повлекле потписите, сепак, ќе гласаат за недоверба на Владата.